Крива Паланка: Започна изградбата на пат во село Голема Црцорија

Во текот на вчерашниот ден градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски заедно со служби од општината, направија обиколка на градежните работи за почетотокот на изградба на локален пат во село Голема Црцорија, делница од асфалт маала Рупје, до маала Баратлици, со тенденција во наредниот период за поврзување со граничниот премин кон Голеш, Р Србија.

Средствата за реализација на овој проект се обезбебедени преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, која се спроведува од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а изведувач на градежните работи е фирмата „Лабино трејд”. Висината на оваа инвестиција е со вкупна вредност од 20.597.460 милиони денари и вкупна должината на делницата од 2,5 км.

Во наредниот период  ќе следува и почетоткот на изградба на локалниот патен правец во с.Трново во должина од 500 метри  кој е продолжение на кракот што води кон старото училиште, сега туристички сместувачки капацитет.

Со ова се продолжуваат заложбите на општината за инвестирање во инфраструктура во руралните средини и подобрување на условите и квалитетот на живот на локалното население во овие средини, особено во насока на враќања на младите и формирање на  семејни заедници и семејни бизниси, развој на  земјоделското стопанство, алтернативно земјоделско производство, пчеларство, оформување на овошни насади, развој на алтернативен туризам и развој на дополнителни услужни дејности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e