Крива Паланка ќе добие Адреналински парк на Калин Камен

Развојот на туризмот континуирано претставува едно од приоритетните стратешки цели на општина Крива Паланка, велат надлежните.

290164444_10224416571434181_2522660556770221539_n
-Една од следните инвестиции кои што општина Крива Паланка планира да ја реализира е изградба на Авантура парк ,,Калин Камен,, на Осоговските Планини. За реализација на оваа инвестиција, општина Крива Паланка има изработено комплетна техничка документација и проектна апликација која што е аплицирана во рамки на Грантова шема 2022-2024 за инвестициски проекти со дигитална компонента, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, преку СИПР, каде што наведената инвестиција беше одобрена на регионален форум одржан во Куманово, соопшти првиот човек на општината Сашко Митовски.

3

Покрај самиот парк, во комплексот ќе бидат вклопени и други атртактивни содржини кои ќе придонесат за привлекување и задржување на интересот на туристите, како што се специфичен ресторан со локални специјалитет, детски игралишта со инклузивни елементи, објекти за изнајмување на велосипеди за моунт-бајк и АТВ за адреналинско оф-роад возење.

2

Дополнително ќе бидат инсталирани и специјални лифт-патеки за најмладите генерации и уредени површини за кампување и извиднички активности.

1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e