Кој е Фатмир Етеми чија фирма гради кај Мајчин дом?

Сопственикот на Друштвото за угостителство и трговија ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје  Фатмир Етеми гради зграда кај Мајчин дом во Аеродром.

Во јуни годинава тој влезе во надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.

Тој е актуелен градежник, поранешен пратеник и носител на партиски функции од Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија – Народна демократска партија (ПДПА-НДП).

Етеми бил Член на Управен одбор на Стопанска комора на Северозападна Македонија и Член на совет на Македонска развојна фондација за претпријатија.

Тој ќе гради зграда кај Мајчин дом. За овој објект жителите на Аеродром алармираа дека ќе направи еколошка катастрофа затоа што се гради на зелена површина, а за да се изгради, пак, паркинг за зградата, урбанистичкиот план предвидува сеча на дрворед и ново уништување на зеленилото.

Парцелата пред „Мајчин дом“ во Аеродром, со површина од 3.538 квадратни метри, пред десетина години како државно земјиште беше продадена и приватизирана, но без право на градење сè до донесувањето на спорниот план лани во април кога на локацијата беше предвидена деветкатница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e