Картичките „зелена нафта“ доставени до секој земјоделец во Штип

Стотина земјоделци од селата во Општина Карбинци денеска ги добија своите картички за зелена нафта. Вработените во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Штип денеска на терен им ги поделија картички на земјоделците, што не можат да ги земат од канцеларијата во Штип, пренесе „Агротим“.

Павел Иванов раководител на подрачната единица на МЗШВ-Штип вели дека картичките за зелена нафта се доделуваат на оние земјоделци, кои аплицирале во 2018 година.

– За карбинскиот регион има 1.000 картички за исто толку земјоделци, апликанти за нејзино користење, денеска ги поделивме последните сто на исто толку земјоделски семејства во оваа општина, вели Иванов.

Во општините Штип и Карбинци субвенционирана нафта користат вкупно 1.600 земјоделци. Горан Пешевски од карбинското село Козјак вели дека оваа мерка посебно му помага во намалување на трошоците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e