Изгореа пет автомобили во Скопје

Вчера во 03.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар на пет патнички возила.

Четири паркирани на ул.„Гоце Стојчевски” и едно паркирано на ул.„Лазо Москов”, и тоа „фолксваген голф”, „рено меган”, „рено твинго”, „ауди”, сите со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес” со англиска национална ознака.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e