Градоначалникот на Крива Паланка награден со пехар за соработката и подршката што општината ја пружа на „ОО Црвен Крст”

Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка организираше свеченост во просториите на ЛУ Градски музеј по повод Светскиот ден на волонтерите.

На свеченоста по повод одбележувањето на Светскиот ден на волонтерите меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски кој несебично години наназад успешно ја подржува оваа организација и им ја дава подршката.

На свечениот ден имено, беше прикажан видео презентација во која беа претставени досегашните активности на младите волонтери од ОО Црвен крст, потоа следеше музичка точка, а веднаш по неа беа наградени и литературните творби одконкурсот на тема „Храна за сите”.

Присутните може да ја погледнат и изложбата на фотографии од сите досегашни активности на волонтерите во изминатата година.

– Младите волонтери на Црвен крст од Крива Паланка досега многупати докажале дека вредно, организирано и мотивирано си ја работат работа и ги исполнуваат зададените задачи.Можеби има и други волонтери низ останативе градови во земјата кои работат така, но сепак јас би ги издвоил нашите волонтери кои секогаш тимски се борат со предизвиците. Горд сум што имаме една ваква млада амбициозна и успешна екипа. Секоја чест за нив-изјави градоначалникот Мицевски.

На градоначалникот на општината му беше врачен пехар за досегашнатауспешна соработка и подршка што општината ја пружа на оваа организација.
Во рамки на свеченоста и во знак на денот на волонтерите беа доделени и благодарници за посебни заслуги на волонтерите, за нивната несебичност и хумани дела и многубројните активности во кои секогаш пружале помош на оние на кои им е најпотребна.

– Ќе продолжиме уште поабициозно и мотивирано да чекориме напред и да не застануваме во нашите хумани дела. Ние најдобро знаеме дека има луѓе на кои им е потребна нашата помош, а ние сме тука и постоиме за нив-рече Дарко Пешевски, координатор на ОО Црвен крст од Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e