Гевгеличани утре ќе гласаат на референдум

Жителите на Гевгелија утре на референдум ќе треба да се произнесат за прашањето дали да се прават истражувања на терен за да се отворат рудници на територија на нивната општина. Причината за ваквиот референдум се најавите за геолошки испитувања на падините на планината Кожуф. Според активистите на граѓанската иницијатива „ Спас за нас“ испитувањата ќе се вршат со експлозив и голема механизација, а потоа за да се одвои златото ќе биде употребувано цијаниц. Дел од партиите побараа Кожуф да се прогласи за природно заштитено подрачје.

Државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова тврди дека граѓаните на општина Гевгелија се изманипулирани од луѓе кои даваат нестручни паушални изјави за влијанието врз животната средина на рудник кој не се знае дали ќе се отвора бидејќи моментално на теренот се вршат испитувања кои треба да утврдат дали има руда која содржи злато.

Активистите предупредуваат дека концесијата за истражувањата ги добиле компании од Канада и дека нема да се грижат за животната средина.

РСЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e