ЕВН Македонија е новиот сопственик на Градската куќа на кејот на Вардар

ЕВН Македонија е новиот сопственик на Градската куќа на кејот на Вардар. Како што информираат од Град Скопје информираат дека вчера успешно заврши електронската аукција, која како што посочија посо е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје, кој е лоциран под скопското Кале.

„На јавниот повик објавен на ден 17.10.2019, со број 01/2019 за продажба на недвижна ствар по прв пат по пат на електронско јавно наддавање, до предвидениот рок единствено се пријави компанијата ЕВН – Македонија. Согласно со законските прописи, вчера (04.11.2019 година) се изврши електронско јавно наддавање со единствената компанија и е постигната почетната побарувана цена од Град Скопје во износ од 785.031.818 денари“, соопшти Град Скопје.

Согласно со предвидените процедури од јавниот повик, се вели во соопштението, купецот треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со кој ќе се заврши целата постапка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e