Едно лице е убиено во престрелка во скопски Бутел

Едно лице е убиено во синоќешната престрелка што се случила во скопската населба Бутел. Од МВР повеќе детали најавуваат за во текот на денов.

Како што информираат од МВР, во СВР Скопје синоќа околу 22:00 часот било пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило ,,голф”, во кое имало две лица, кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Од страна на лекар кај едното лице била констатирана смрт.

Увидна екипа веднаш излегла на терен и работи на расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e