Двајца повредени при бетонирање на плоча

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.К.(54) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со „предизвикување опасност при градежни работи“ и против правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“.
На 16.09.2022, пријавените, како вршители на градежни работи, не обезбедиле соодветни услови за работа при вршење на армирање и бетонирање на вработените во фирмата со која имале договор за подизведувачки работи и, во моментот додека вршеле бетонирање на метална конструкција, плочата попуштила и се срушила, при што двајца од вработените кои биле на плочата паднале и се здобиле со тешки телесни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e