Доделена парична помош за првороденото дете во М.Каменица

Општина Македонска Каменица ја продолжи традицијата на доделување парична помош за првороденото дете во годината. Сумата од 20 илјади денари денеска од страна на градоначалничката Соња Стаменковска им беше доделена на семејството Трајановски кои имаа среќа нивната ќерка Хана, да биде првородено во општина Македонска Каменица во 2020 година.

– Првиот жител во 2020 година општината го доби на 4 јануари годинава во штипската болница. Новородената Хана е второ дете во семејството на Даниела и Љупчо Трајановски. На семејството им ја честитав радоста со паричната награда од 20.000 денари, сума која се доделува на првородените деца во општината. Посакувам, малата Хана да има среќно и безгрижно детство и да им донесе многу радости на нејзините родители, рече Стаменкова.

Доделувајки ја наградата Стаменковска, дополни дека општината како додатна поддршка за новороденчињата и годинава согласни буџетот на општината за 2020 година предвидени се дополнителни 10 илјади денари за секое новороденче.

Минатата година по овој основ се исплатени сите средства на семејствата кои добиле новороденче во 2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e