Богата културна понуда за Новогодишните празници во организација на општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“

По повод Новогодишните празници, општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“органзираат богата културна програма.

Денес, четврток (28.12.2017), во Домот на културата ќе настапат македонските музички великани Златко Ориѓански и Бени Шаќири. Утре (петок, 29.12.2017), ќе се оддржи традиционалниот предновогодишен коктел за сите локални жители, во рамки на кој ќе настапи бендот Риплеј. Вечерта е резервирана за уште два бенда – JazzWe и 4и21. Во сабота (30.12.2017) ќе настапи бендот Nevermind, а за дочекот на Новата 2018 годинаи за позитивна атмосфера ќе се погрижи бенд составен од локални музичари.

Покрај музичките настани, Општината и Рудникот ќе делат и новогодишни пакетчиња за дечињата во ЈОУДГ „Бамби“ и СОУ „Св. Кирил и Методиј“, ќе се оддржи новогодишен базар, а нема да бидат заборавени и социјално ранливите категории на граѓани кои ќе добијат социјални пакети.

Градоначлникот Соња Стаменкова заедно со претставници од локалното Здружение на пензионери ќе додели пакети и за стари и изнемоштени лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e