Битолчанка тешко повредена по удар од автомобил

Вчера, во 17.30 часот, во СВР Битола било пријавено дека на улицата 4 Ноември во Битола, патничко возило „нисан“, со грчки национални ознаки, управувано од Г. К. (37) од с. Јанковец, Ресенско, удрило во В. Ф. (57) од Битола.

Во несреќата В. Ф. добила тешка телесна повреда, констатирана во Клиничката болница Битола.

Увид на местото, според надлежните, извршила екипа на СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e