Бислимска клисура доби рекреативен еко-центар, опрема за кајакарење и планински велосипедизам

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Тејада, денеска во Бислимска клисура го промовираа проектот „Уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар Бислим“.

„Пред година ипол отпочнавме заеднички проект со швајцарската амбасада, кадешто северо-истичниот плански регион доби средства во износ некаде околу 8 милиони денари. Со средствата беше набавена различна спортска опрема – кајак опрема, опрема за планински велосипедизам, мотокрос опрема – четирицикли, дополнителна опрема за искачување во планински предели. И истата, северо-истичниот плански регион со едногласна одлука на сите градоначалници од регионот ја додели на Лаг Абер 2015 од Куманово, коишто во соработка со друга професионална организација која се занимава со развој на ваков спорт веќе отпочнува со имплементација и развој на вакви проекти“, рече Димитриевски.

Милевски кажа дека Министерството со швајцарската амбасада набавиле 20 комплетно опремени кајаци, кои можат да ги користат и лицата со посебни потреби.

Набавени се 8 машки и 8 женски велосипеди, 6 електрични велосипеди и 2 мотори со погон на четири тркала и дополнителна опрема која што ќе се користи за разновидни содржини – велосипедизам, авантуристички туризам, алпинизам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e