Автобус со патници се запали во Крушево

Вчера на улицата Илинденска во Крушево настанал пожар на автобус „сетра“ со крушевски регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од градот, со кој се превезувале работници на приватна фирма.

Увид извршиле екипи на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево и ОВР Прилеп и било констатирано дека пожарот настанал во пределот на моторот.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево, а повредени лица нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e