Александар Бенишек нов волонтер на Мировниот корпус за Општина Крива Паланка

Александар Бенишек е новиот волонтер на Мировниот корпус за Општина Крива Паланка. Тој се претстави пред кривопаланчани зборувајќи за своето работно искуство,своите вештини и капацитети и компентенции, но исто така објасникако тој може да ги подржи локалните здруженија на граѓани,младинските клубови и цивилниот сектор во општина Крива Паланка.

Новиот волонтер покрај својот основен ангажман во општината ќе соработува и со локалните невладини организации,институции, клубови и младински групи. Сите кои имаат интерес за соработка со Александар Бенишек можат да стапат во контакт со него преку неговата e-mail адреса [email protected] и лично да му се обратат.

Општина Крива Паланка има долгогодишна успешна соработка со мисијата на Мировниот корпус.

Новиот волонтер ќе има можност да престојува две години во Крива Паланка работејќи на своите задачи, но покрај сите споменати Александар Бенишек ќе работи и со извидничкиот одред Наум Наумовски Борче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e