Акцијата „За чиста струмичка пролет“ продолжува и утре со чистење на поројот „Крушевска Република“

Традиционалната пролетна акција за генерално чистење на градот и населените места, која започна на 21 март продолжува и утре (23.04.2017година). Според информацијата од Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, ќе се финализира чистењето на поројот „Крушевска Република“ кое поради големиот обем за работа започна пред неколку денови. На потегот од мостот на улицата „Младинска“ кон горниот дел на градот чистењето е завршено и отпадот е собран на повеќе места во него, а ќе биде подигнат во текот на утрешниот ден. Истовремено ќе се работи и на детално чистење во кое ќе бидат вклучени и соодветни машини на потегот од мостот на улицата „Младинска“ до транзитниот пат со кое ќе се чистат и тињата и останатите наноси насобрани под мостот на транзитниот пат.
Акцијат „За чиста струмичка пролет“ ја реализираат Јавното претпријатие „Комуналец“ и општина Струмица.

18034160_1271581809561913_5803439167843482529_n

18057647_1271581816228579_7593007741099403847_n 18033063_1271581819561912_6908052688010736099_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e