70-годишен скопјанец пукал со пиштол од балкон

На 15.09.2021 во 17 часот во СВР Скопје било пријавено дека од балкон на стан на подрачје на Ѓорче Петров, Ж.К.(70) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир така што со пиштол испукал неколку куршуми во воздух.

Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70“ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм.“, футрола за ловечка пушка и две дозволи за поседување и носење оружје на негово име. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e