40 години јубилеј на планинарското друштво Руен од Крива Паланка

Планинарското друштво Руен од Крива Паланка постои дури 40 години. Во текот на своеето постоење друштвото бележи многубројни успеси преку своите активности.Имено друштвото е препознатливо по својот организиран и планинарски активизам, многубројни спортски активности,голем број планинаски успеси, какои учество во севкупниот културен и општествен живот.По повод 40 годишниот јубилеј планинарското друштво Руен како и за сите планинарски активности и успеси издаде печатен материјал кој беше презентиран пред своите членови и останатата публика.По повод постоењето беше презентирана и публикација со фотографии и податоци за сите активности на клубот.

Оваа активност на ПСК Руен финансиски е подржана од буџетот на Општина Крива Паланка од средствата определени за поддршка на здруженија на граѓани и фондации за 2019 год.Како автор на споменатата публикација е Милојко Ангеловски, инаку и прв претседател на ПСК Руен од Крива Паланка.

Тој пред присутните зборуваше за планинарењето како спортска активност, за самите почетоци и испишаната историја за клубот во текот на сите 40 години, за искуствата со планинаррењето во кривопаланечко,воедно го претстави и почетокот на основањето на клубот, активностите кои ги имаат планинарите, како и за врвовите кои тие ги имаат искачено.

-И пред основењето на планинарското друштво Руен, на овие простори постоеше поединечно и групно планинарење од луѓе кои сакаат да видат убави предели и чудесни места, да доживеат ретки настани, а нивните очи сета таа убавина ја впиваат и тогаш нивната душа се отвора и восхитува на нешто што срцето може да го осети, а јазикот неумее да го искаже, рече Ангеловски.

Планинарското друштво Руен од Крива Паланка во текот на своите 40 години од постоењето има учествувано во многу акции во земјата и во странство, а за подвизите кои ги имаат направено членовите, друштвото има добиено многу награди,признанија,дипломи и пофалници.
ПСК Руен, во своите редови има и лиценциран планинарски водич и акциите ги спроведува согласно правилникот за движење во планина.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски им го честита јубилејот и посака уште многу успеси на членовите на планинарското друштво, а воедно им се заблагодари за нивниот допринос во промоцијата на планинарството како рекреативна активност, за промоцијата на убавините на Осоговските планини и другите наши природни убавини, ширум светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e