До 30 Април е пријавувањето за Виз Ер скопскиот маратон

Остануваат уште 19 дена до најпознатите и најочекуваните настани во Македонија, Виз Ер Скопскиот маратон. На трките кои ќе се одржат на 7ми мај веќе се имаат пријавено илјадници тркачи од голем број на земји.

На овогодинешниот Виз Ер Скопски маратон традиционално ќе се одржат маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката од 5 километри. Над 6.000 учесници од 44 држави во светот веќе се имаат пријавено со што настанот полека станува високо препознатлив спортско – туристички бренд во Македонија и пошироко.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон трае до 30 април и може да се направи преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон http://skopskimaraton.com.mk/ и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e