26-годишен кавадарчанец отишол на гости кај пријател, па му го украл паричникот

26 годишно момче од кавадаречкото село Возарци е осомничено дека пред два дена украл паричник од пријател кај кој бил на гости.

Според полициски информации лицето Д.И. било на гости кај 46 годишниот пријател од истото село во средата, а додека домаќинот не гледал, младиот му го “Собрал” паричникот во кој имало 65.000 денари, но и лични документи…

Во полициската станица во Кавадарци, полицајци задолжени за случајот извршиле разговор со гостинот – арамија, при што украдените документи, но и дел од парите кои беа пронајдени се вратени на сопственикот.

Против 26 годишникот ќе следи и пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e