21-годишник од Батинци, возел „пасат“ со одземени таблици од „зафира“

21 годишен жител на с.Батинци, бил лишен од слобода на подрачјето на Гази Баба, затоа што управувал возило со скопски регистарски таблици, кои биле одземени од друго патничко возило на 31.08.2022 година.

Според официјалните информации на МВР, 21 годишникот бил приведен вчера (22.09.2022) во 16.40 часот. Тој претходно, со возилото се движел од патарина „Петровец“ кон Скопје, по што на семафори од крстосница од бул.„Александар Македонски“ и ул.„16. Македонска бригада“ го оставил возилото и се дал во бегство, но набргу бил фатен.

По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e