18-годишно момче од Свети Николе било приведено откако со мопед удрило 69-годишна жена на улицата „Кочо Рацин“.
Од Министерство за внатрешни работи информираа дека несреќата се случила на 12 мај околу пладне, кога мопед управуван од Н.Д. удрил во У.Ц. (69).
Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
При увидот полицијата утврдила дека 18-годишникот го управувал мопедот без возачка дозвола, по што бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
