„Турски тек“ ќе биде изграден, гасовод најавува и Грција, каде е Македонија?

„Турски тек“ по кој ќе тече гас за Европа ќе биде изграден – сите дозволи за изградба на гасоводот би требало да бидат изадени во најкраток можен рок.

Руските медиуми пишуваат дека постигнат е договор во најкраток рок да се завршат процедурите на издавање на сите потребни дозволи за почетокот на реализација на овој проект кој беше замрзнат откако односите на Москва и Анкара се влошија после соборувањето на рускиот воен авион над Сирија кон крајот на ноември лани.
Минатата недела грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас од Скопје по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски порача дека во план е изградба на гасовод од прстаништето во Солун и Македонија..Ја изгуби ли Македонија шансата да биде предводник на овој прокет, особено ако се има во вид дека токму за ваков проект се зборуваше пред скоро две години.
Зошто Македонија каска зад регионот кога е во прашање гасификацијата..Според најавите државата до 2019 година се планира да бидат изградени 265 километри од гасоводниот систем.
Инаку, Македонија споед некои најави беше дел од главната траса на Јужен поток, но Русија во декември 2014 година се откажа од овој проектот  во корист на „Турски тек“, кој подразбира изградба на гасовод кој би водел од Русија во Турција по дното на Црното море.
Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e