Грција оствари 3,57 милијарди евра суфицит за првите 7 месеци

По се изгледа Грција полека излегува од рецесијата која ја следеше изминативе неколку години.

Грција оствари примарен буџетски суфицит од 3,57 милијарди евра за првите седум месеци од годинава, 874 милиони евра повеќе од предвидените и 140 милиони евра помалку од суфицитот остварен минатата година. Најголемото остварување во првото полугодие е кај буџетските расходи кои изнесувале 28,8 милијарди евра, што е за 3,2 милијарди помалку од предвидените 32,1 милијарда евра.

Оваа разлика е доволно голема да го покрие падот на приходите во буџетот од 621 милион евра и да го оствари примарниот буџетски суфицит во првата половина од годинава. Како што информираат од Министерство за финансии на Грција, овој тренд се задржал и во јули, па така вкупниот примарен буџетски суфицит изнесува 3,57 милијарди евра.

Од таму додаваат дека дополнителни расходи се очекуваат во делот на болниците од 390 милиони евра, како и дополнителен расход за субвенции кон земјоделците од 162 милиони евра. Изминативе неколку години Грција, во согласност со договорот постигнат со кредиторите, остварува примарен буџетски суфицит, а за возврат добива огромни финансиски средства за да ја преброди финансиската криза.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e