ДЗР: Се зголемува зависноста на Фондот за ПИОМ од Централниот Буџет!

Растат приходите на Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување, но паралено во изминативе пет години се зголемува звисноста на фондот од Буџетот на Република Македонија за навремена исплата на пензиите. Ова го констатирал овластениот државен ревизор во последниот извештај за ревизија за усогласеност на Фондот за ПИОМ во текот на 2015 година. Ревизорот посочува дека фондот не може да функционира непречено без буџетските трансфери со кој се покрива дефицотот во фондот, а кои од година во година растат.

“И покрај тоа што по основ на наплата на придонеси од плата во 2015 година се остварени приходи за 7,8 отсто поголеми во однос на 2014 година, нивото на обезбедени средства не обезбедува непречено функционирање на Фондот за ПИОМ, поради што континуирано со Буџетот на РМ се предвидуваат средства за покривање на дефицитот по пат на трансфери од Централниот Буџет. Фондот за ПИОМ во текот на 2015 година за навремена исплата на пензиите во воспоставените рокови за секој месец има користено позајмици од од Буџетот на РМ кои тековно ги враќал со средства од сметката на која се врши уплата на придонесот од пензиско и инвалидско осигурување“, се наведува во ревизорскиот извештај“, се посочува во извештајот.

Според увидот на овластениот ревизор во периодот од 2011 година до 2015 година постои тренд на зголемување на остварени приходи на вкупно ниво, зголемување на уплатениот придонес од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) и зголемување на трансферите од Буџетот на РМ. Лани најголемо учество во вкупните приходи има придонесот од пензиско и инвалидско осигурување од 56 проценти, од Буџетот на РМ учеството е 42 проценти, додека незначително е учеството на приходите од акцизи од 1,76% и останатите приходи кои учествуваат со 0,24 % во вкупните приходи.

„Во известувачкиот период на име трансфери од други нивоа на власт од Централниот Буџет во корист на буџетот на Фондот пренесени се средства во износ од скоро 396,5 милиони евра(24.381.680.000 денари) што е 42 отсто од вкупните приходи на Фондот. Учеството на дефицитот во вупните приходи бележи пораст од година во година“, стои во извештајот.

dzr

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор Фактор
Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e