Зошто прескокнувањето оброци е многу лоша идеја

Доколку сметате дека можете да ја дотерате линијата со гладување – се лажете! Имајте на ум дека на овој начин салото се таложи на стомакот и, наместо да слабеете, вие ќе се здебелите.

Затоа следете го овој совет. Речиси секој режим на исхрана, кој гарантира успех во слабеењето, а воедно го чува вашето здравје, најчесто содржи пет оброци. Од друга страна, прескокнувањето на оброците и гладувањето доведуваат до натрупување сало на стомакот. Како? Кога ги прескокнувате оброците и гладувате, вашето тело е во паника дека му недостига енергија, па почнува да ги складира и оние малку калории што ќе ги внесете. Освен тоа, по гладување најчесто доаѓа до прејадување.

„Кога ќе внесете храна по подолг период, организмот чувствува краткотрајно олеснување. Метаболизмот сè уште е забавен, бидејќи не може да знае кога сте внеле доволно калории. Шеќерот ви опаѓа во крвта, па немате доволно енергија и нерасположени сте. А ако сте ептен упорни во гладувањето, телото почнува да ги разградува мускулите, барајќи енергија. Тогаш можеби ќе ви се причини дека сте полесни, но вистината е дека ги загубивте мускулите, а не маснотиите“, објаснува американската нутриционистка Меги Мун. Таа смета дека е најдобро да се придржувате до распоредот од пет оброци во денот. Дури и кога сте на работа и немате нешто нискокалорично за јадење, изедете што било, па дури и хамбургер, само не гладувајте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e