Зошто треба да внимавате на количината на шеќер која ја внесувате

Шеќерот е неопходен за нормално функционирање на организмот, но преголемата количина шеќер може серозно да го загрози вашето здравје. Здравите намирници како зеленчукот, овошјето, млечните производи и житарките имаат природен шеќер па телото ги вари јагленхидратите и добива доволна количина шеќер. Од друга страна, пакуваната и преработена храна како и соковите во себе имаат дополнителна доза шеќер, што не му е потребна на телото.

1. Дебелее

Дека лесно може да се претера со внесот на шеќер во телото, покажува фактот дека само една лименка сон во себе содржи десет шољи шеќер.
Премногу шеќер дебелее, а најчест извор на додатен шеќер се токму засладените сокови. Прекумерната тежина создава ризок за развој на дијабет и многу други здравствени проблеми.

2. Го зголемува ризикот од срцеви болести и мозочен удар

Еден од десет луѓе добива 1/4 од дневните калории од додатниот шеќер. Таквата исхрана може да доведе до развој на срцеви болести. Се смета дека дополнителниот шеќер го крева крвниот притисок или испушта повеќе масти во крвотокот. И двете работи можат да доведат со срцев или мозочен удар.

3. Расте ризикот од дијабет

Прекумерниот внес на шеќер ги зголемува шансите за заболување од дијабетес тип 2. Тоа може да се случи од причини што шеќерот останува во крвта, а телото може да реагира создавајќи помалку од хормонот инсулин кој храната ја претвора во енергија. Идеалната телесна тежина и намалување на килограмите може да помогнат во регулацијата на шеќерот во крвта.

Уште четири начини зошто треба да внимавате на количината шеќер која ја внесувате прочитајте ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e