Зошто со текот на годините потешко поднесуваме алкохол?

Да се пие умерено е совет кој често го слушаме, но некогаш е тешко да се придржуваме до него. Кога ќе ја поминеме границата, наредниот ден следи мамурлак, кој со тек на годините се потешко ни паѓа. Зошто е ова вака?

Во 20-тите години, организмот и телото се отпорни, особено црниот дроб и мозокот. Но, во 40-тите години се појавуваат повеќе здравствени ризици, а алкохолот дополнително го зголемува ризикот од болести на црниот дроб.

Прекумерната тежина, дијабетесот, хипертензијата и високиот холестерол ги зголемуваат ризиците од срцев удар и мозочен удар, па дури и мала количина на алкохол може дополнително да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар.

На почетокот од 50-тите години, организмот го губи ензимот за метаболизам на алкохолот, па затоа многумина во оваа возраст се жалат дека потешко поднесуваат алкохол.

Доколку сакате да останете здрави како што стареете, не морате целосно да се одречете од алкохолот, но имајте на ум дека умереноста е клучна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e