Зошто понекогаш се будите уморни?

Сè зависи од тоа колку долго ви се случува да се разбудите уморни. Повеќето луѓе се расонуваат веќе по 5 до 10 минути откако ќе се разбудат.

„Откако ќе се разбудите уморни и тој умор трае подолго од 5 до 10 минути, тоа е знак дека сте спиеле лошо, но може да биде сериозен знак за прекумерна дневна поспаност“, вели Бреусу, стручњак за спиење.

Доколку сте спиеле само 5 часа, сосема е нормално да се чувствувате уморни, но ако спиете 7 до 9 часа, но и понатаму се будите уморни, треба да се запрашате зошто се случува тоа.

Ова влијае и на вашиот ден и на квалитетот на живот. Ако можете да ги затворите очите и да заспиете повторно, тоа е знак дека ви е потребно да одморите повеќе.

Избегнувајте храна и алкохол пред спиење

Истражувањата покажаа дека алкохолот влијае на природното производство на мелатонин во вашето тело и се намалува времето кое го минувате во РЕМ фаза. Што се однесува до храната, не треба да јадете обилен оброк пред да си легнете бидејќи тоа влијае негативно на квалитетот на сонот. Доколку сте гладни, консумирајте здрава ужинка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e