Жените прават една голема грешка кога се шминкаат, дали сте вие меѓу нив?

Оваа грешка може значајно да ѝ наштети на вашата кожа, а со сигурност сте ја направиле барем еднаш…

При шминкањето, исклучително важно е за никогаш да не дувате во четките и сунѓерите за шминкање. Многу љубители на шминката откако ќе ја натапкаат во производот и сметаат дека имаат и малку одвишок, инстинктивно дувнуваат во четкичката како би се ослободиле од тој проблем.

Дури и Ким Кардашијан којашто е добро упатена во тајните на најдобрите светски шминкери, ја прави токму оваа грешка.

Неодамна таа објави снимка на којашто се гледа како таа употребува четкичка и бронзер и потоа дува во четкичката со цел да го отстрани одвишокот.

Стручњаците опоменуваат дека на овој начин бактериите се пренесуваат на четките, а потоа понатаму и на лицето со самото нанесување на шминката. А кога после тоа ќе ја натапкате четката, во којашто сте дувнале, во производот, најверојатно и тој ќе стане контаминиран со бактерии.


Кога ќе дојде до пренос на бактерии на лицето, можна е појава на акни, иритации, красти и најразлични инфекции. А најдобар начин за да се ослободите од вишокот од производот е лесно да удрите по дршката на четката или да го отстраните вишокот со вашите прсти, само ако претходно добро сте ги измиле дланките.

Потрудете се во иднина да ја искорените оваа лоша навика!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e