Зачини кои го подобруваат вкусот на храната, но и го лекуваат вашиот организам

Постојат зачини кои освен што го подобруваат вкусот на вашата храна и туку и допринесуваат во чување на здравјето и лечење на вашиот организам.

Сите знаеме дека разновидната храна богата со овошје и зеленчук позитивно влијае на здравјето, како и внесувањето течности во организмот и редовното вежбање.

Но, често забораваме дека постојат некои намирници кои што значително се здрави, а треба да ги користиме во текот на подготвувањето храна.

Ова се 5-те најздрави зачини:

Куркума
Позната како „индиско злато“, куркумата има моќни медициснки својства кои што можат да ги елиминираат штетните материи од вашето тело. Но, тоа што е најважно е дека таа ја подобрува функцијата на мозокот и помага во спречување на срцеви болести, симптоми на артритис, како и Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Црн бибер

Овој зачин го подобрува варењето, го намалува проблемите со дигестивниот тракт. Истражувањето покажало дека е добар и кај превенцијата на канцер, но и лечењето на депресија, висок крвен притисок, зависност од цигари и проблеми со штитна жлезда.

Цимет

Овој зачин најчесто се користи во подготовка на десерти, а помага при намалување на нивото на шеќер во крвта. Истражувањето покажало дека кај луѓето со дијабетес тип 2 кои што дневно користеле цимет, се намалило нивото на шеќер во крвта. Циметот е добар и за нивото холестерол, а помага и во превенција на канцер, срцеви удари како и труење со храна.

Мускатно оревче

Овој ароматичен зачин содржи етерично масло кое што се наоѓа во растенијата како морков и целер. Докажано го намалува холестеролот, депресијата, анксиозноста, а го подобрува и помнењето и либидото.

Ѓумбир

Тој го поттикнува варењето на храната, ја ублажува надуеноста и тегобите и спречува грчеви. Освен тоа има аналгетик кој што делува смирувачки и антибактериски поради што добар е за лечењето алергии. Идеален е за подобрување на имунитетот и ублажување на симптоми на настинка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e