Внимавајте и превенирајте: 5 главни симптоми на ракот

По спроведеното истражување група експерти ги откриле петте главни симптоми кои откриваат дека едно лице е заболено од рак. Незавсно од големината и местото на отокот во студијата се наведуваат симптомите кои ја навестуваат почетната фаза на болеста што е од особено значење за навремено дијагностицирање и хоспитализација. Доколку лекувањето е навремено, болеста може да биде брзо, лесно и успешно лесно излечена.
Во зависност од локализацијата на метастазата, оваа болест се манифестира преку разлилни симптоми, но сепак специјалистите советуваат да обрнете внимание на следниве промени!
1. Влошена состојба на кожата и косата
Ракот потполно ги променува процесите на метаболизмот како последица на што се јавуваат промени со кожата и косата што е видливо по нивниот влошен изглед. При отекување на штитната жлезда ноктите и косата стануваат слаби и кршливи, додека пак ракот на црниот дроб или бубрезите е причина за промена на тенот на кожата.
2. Често покачување на телесната температура
Честото покачување на температурата може да биде аларм за лоцирање на заболеното жариште како последица на ослабениот имунитет.
3. Изнемоштеност на организмот
Отоците кои ги предизвикува ракот се причина за неразаградени токсични честици кои се појавуваат во крвта што доведува до малаксаност на целиот организам. Сето тоа води до анемија и постепено нарушување на нервниот систем.
4. Чести болки
Станува збор за болки кои не може истовремено да бидат силни и чести, со исклучок на мозочните метастази, туку болки кои се чести, но послаби во отечениот предел. Силни болки се карактеристични за последниот стадиум од болеста.
5. Брзо губење на тежината
Нарушениот метаболизам е причина за нагло губење на телесната маса кај заболениот пациент. Се покажало дека за есктремно брзо време пациентот може да загуби половина од својата првична тежина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e