(ВИДЕО) Вежба во домот со која Адријана Лима ги зајакнува белите дробови, срцето и ја одржува формата

Оваа вежба беше задолжителен дел од рутината пред нејзините настапи на ревиите на Викторија Сикрет, а манекенката ги вклучи во нејзината рутина за вежбање.

Адријана Лима се приближува до своите четириесетти години, а сепак изгледа подобро од многу 20 годишници.

Сепак, позади тој изглед се крие извонредно голем труд и многу одрекување. Најголемите одрекувања се секако оние кога станува збор за храна.

Познатата бразилска убавица одамна откри дека практично целосно ги елиминирала грицките и слатките од нејзината диета, заменувајќи ги со сурово овошје и зеленчук.

Постојат многу фактори кои се одговорни за нејзиниот совршено зачуван изглед и неверојатна линија, број еден е исхраната, задолжителните вежби за јога и медитација, како и напорните секојдневни вежби.

Сепак, каде и да е и во какви и да било услови, Адријана никогаш не исфрла една вежба од нејзината рутина, а тоа е една од основните кардио вежби – прескокнување на јаже.

Она што е многу важно за секој вид на кардио тренинг, а за завидливи резултати најдобра е комбинацијата на неколку кардио вежби, е тоа што тие не треба да траат помалку од половина час.

Зошто?

Па, ако го гледате ова видео од вежбањето на Адријана Лима, ќе ви биде јасно.

Кардио вежбите исто така го зголемуваат протокот на крв во мозокот, што ја зголемува концентрацијата. Го намалува стресот и го зајакнува имунолошкиот систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e