(ВИДЕО) Како да носите маска, а да не ви се замаглат очилата?

Ако носите очила, тогаш сигурно сте забележале дека тие многу брзо се замаглуваат ако преку уста и нос ставите заштитна маска – полициската управа на Токио објави неколку совети како да го решите проблемот.

Има два начини со кои можете да го избегнете тоа. Едниот од нив е едноставно да ја преклопите горната четвртина од маската пред носење, а другиот начин, доколку не сакате да „жртвувате“ дел од маската, е да ставите марамче на врвот на маската, преку „мостот“ на носот.

Полицијата од Токио ги објави овие совети кон крајот на декември во рамките на програмата за превенција на алергиите и настинките. Се е објаснето на видеото подолу, во првите 26 секунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e