(ВИДЕО) Погледнете колку е важно темелното миење на раце

Пандемијата коронавирус е во ек, а експертите од различни здравствени установи непрекинато ги потсетуваат луѓето дека во вакви критични денови најважно е да обратат внимание на својата лична хигиена и често да ги мијат рацете.

Иако миењето раце делува едноставно, неодамна на социјалните мрежи се појави видео кое што покажува како поголем дел од луѓето неправилно ги мијат своите раце.

Во видеото е прикажана личност со заштитни гумени ракавици која што користи црна фарба која што претставува течен сапун и го покажува процесот на миење на рацете.


Дури на крајот од видеото, по темелното миење, заштитните ракавици стануваат целосно црни покажувајќи колку овој процес е важен и како преку него се убиваат бактериите и вирусите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e