Вежбај дома – Нова платформа за вежбање од вашиот дом!

Од вчера започнува првата македонска онлајн платформа за фитнес и рекреација VezbajDoma.
Платформата е наменета за сите кои сакаат во периодов да останат физички активни и да го подобрат нивното здравје и психо-физичка состојба преку активност.

Часовите на платформата за почеток се предвидени да се изведуваат 3 пати во неделата во терминот од 18:00 часот преку директен стриминг во живо со искусен инструктор, и истите ќе бидат целосно бесплатни за периодот додека трае вонредната состојба во дражавата.

Целата иницијатива е поддржана од Runners Македонија со цел да се помогне во борбата против корона вирусот и да се поттикнат сите граѓани да останат дома, за да може полесно да ја победиме заканата од пандемијата.

Дел од тренинзите ќе бидат пренесувани и во живо на социјалната мрежа Facebook и Instagram и истите можете да ги следите на https://www.facebook.com/vezbajdoma и https://instagram.com/vezbajdoma

Останете дома, останете активни и дадете го својот придонес во јавното здравје со тоа што ќе се погрижите за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e