Три важни совети за нарачување храна во тек на пандемија

Доколку останете дома во текот на пандемијата со корона вирус или доколку работите од дома, најверојатно се прашувате дали е безбедно да нарачате храна од некој ресторан.

Нема докази за тоа дека Covid-19 може да се пренесува преку амбалажа од храна или преку самата храна, иако се знае дека бактериите остануваат на површините и до десет дена.

C Net наведува три совети за безбедна испорака на храна или намирници доколку сте болни, во карантин или останувате дома за да го сочувате вашето здравје.

Оставете прецизно упатство за достава

Доколку нарачувате намирници преку интернет, ќе забележите празно место на кое пишува упатство за достава. Во ова поле може да побарате од возачот да ви ја остави храната пред врата или да му испратите фотографии каде треба да ја достави храната. Купувачите можат и директно да го контактираат возачот преку апликација за да се договорат за испораката.

Веднаш измијте ги рацете

За да бидете безбедни, веднаш по доставата на храна мијте ги рацете најмалку 20 секунди и избегнувајте да го допирате лицете откако ќе ја внесете храната внатре.

Оставете поголем бакшиш

Доставувачите на храна се платени фиксно или по час. За да заработат за живот, тие мора да излезат на терен.

Затоа, препораките се да им е поголема платата на овие луѓе додека е вонредна ситуација. Најбезбедно е да користите кредитна картичка, но доколку користите пари, веднаш потоа измијте ги рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e