Три совети за подобар секс

Добар секс e подеднакво добрa врска или брак, барем во повеќето случаи, но ако сте успеле да влезете во рутина и да си направите проблеми во кревет – има решение.

Подобар секс е нешто по што тежнеат сите луѓе кои го практикуваат, но ние си знаеме како е тоа – на почетокот на врската е лудница, па потоа работите малку се смируваат, но се уште се топли, али на крајот се станува – секогаш исто ….

И да, тогаш почнуваат проблемите кои всушност, не е толку тешко да се решат ако имате отворен ум за овие три едноставни совети кои ќе ви го подобрат сексуалниот живот:

Бидете спонтани – по некое време, сите парови создаваат своја лична рутина во сексот: некои преферираат секс во утринските часови, некои пред спиење. Како и да е, променете ја рутината! Најдете половина час во денот, кога вашиот партнер најмалку очекува и изненадете го. Се разбира, обидете се да препознаете кога тој/таа е во исто расположение.

Не дозволувајте да проблемите бидат поважни од сексот – откако сте фатиле малку време за акција? Одлично. Сите проблеми оставете ги пред вратата на спалната соба. Ние ви гарантираме дека по страствениот секс многу полесно ќе ги решите, или барем на нив ќе гледате поинаку.

Имајте ја сексуалната тензија – обидете се да ја задржите сексуалната тензија помеѓу вас и вашиот партнер во текот на денот, дали преку провокативен поглед, “вулгарни” текстуални пораки (или фотографии) или користете трикови како сензуална масажа после работа. Либидото кое се одржува во текот на денот е рецепт за огнена ноќ (или наутро) во спалната соба. Со тоа што по цел ден ќе размислува за тоа, вашиот брачен другар потсвесно ќе признае дека “Време е за акција”.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e