Три килограми помалку за три дена со брзата диета со мандарини

Мандарините се овошје кое во овој период го има во изобилие, богати се со витамин Ц, содржат малку шеќери, многу вода, освежуваат и се нискокалорични.

Исто така, го поттикнуваат метаболизмот на побрзо согорување на калориите и мастите, а со тоа и за слабеење. Покрај витамин Ц, содржат и витамини Б1, Б2 и Б3, калиум, железо и магнезиум. Тие помагаат да го прочистите телото од токсини и побрзо да ослабнете.

Ова е пример за тридневно мени. Имајте предвид дека ова е кратка диета која треба да ја држите периодично и дека не е добар план за долгорочна исхрана, туку само кога ви треба брзо прочистување.

ПРВ ДЕН

Појадок:

– 200 мл сок од мандарини или 5 цели мандарини
– две варени јајца
– чај без шеќер

Ручек:

– 5 мандарини
– 250 гр салата по избор зачинета со лимон
– кафе или чај

Вечера:

– 150 гр варено бело пилешко месо
– 200 гр салата зачинета со лимон
– чај со малку мед

ВТОР ДЕН

Појадок:

– 200 мл сок од мандарини или 5 цели мандарини
– две варени јајца
– кафе или чај, незасладени

Ручек:

– 5 мандарини
– 50 гр полномасно сирење

Вечера:

– 200 гр риба
– зелена салата

ТРЕТ ДЕН

Појадок:

– 5 цели мандарини
– 2 лажици овесни снегулки со суво грозје прелиени со топла вода
– кафе

Ручек:

– 5 мандарини
– бистра зеленчукова супа
– неколку кекси

Вечера:

– 200 гр пилешко
– зелена салата

Во текот на целата диета задолжително е да консумирате најмалку 2 литра вода во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e