Тиквата е вистинска витаминска бомба

Тиквата има нискокалорична вредност и може да биде одлична за супи, салати и печива.

Содржи доста протеини и јаглехидрати, како и диететски влакна неопходни за добро варење, но и за здравјето на цревната микрофлора. Нутриционистите препорачуваат најмалку 30 видови влакна неделно во исхраната. Така, одличен избор за проширување на оваа листа би била тиквата. Исто така, влакната во тиквата во комбинација со други корисни материи во неа, придонесуваат за здравјето и на кардиоваскуларниот систем.

Тиквата содржи витамини А, Ц, Е, К, од групата Б, како и минерали – железо, магнезиум, калиум, калциум, фосфор. Семките од тиква се едни од најполезните во однос на содржината на цинк – само 30 грама семки ќе покријат речиси 70 отсто од дневната потреба на телото. А пак, 100 грама тиква содржи третина од дневната потреба за витамин А.

Овие материи се неопходни за видот, убавата кожа и секако – имунитетот. Во есенско-зимскиот период особено се потребни калиум, калциум, магнезиум, а тиквата е богата и со еден друг многу важен елемент – силициумот.

Високата содржина на фолна киселина овозможува тиквата да се препорача за консумирање и во бременоста.

Погоден е за луѓе кои имаат проблеми со системот за варење. Нема контраиндикации и за дијабетичарите, напротив. Лекарите нагласуваат дека семките немаат несакано дејство, всушност му помагаат на црниот дроб и го намалуваат холестеролот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e