Стравот од провев вкоренет и кај Кинезите

Општо е познато дека најголем непријател на здравјето на жителите на Балканот е провевот, бидејќи, како што нè учеа уште од мали, може да настинеме, да нè боли глава, сериозно да се разболиме…

Но, дали верувате дека дури и Кинезите се плашат од него? На што се должи тоа?

Според древната кинеска медицина, провевот е опасен бидејќи е поостар од обичниот ветер, а се создава меѓу два прозора, меѓу прозорец и врата или меѓу две врати. Тие овој проток на воздух го сметаат како најопасен од сите „зли“ енергии (во кинеската медицина познати како Ки).

Древната кинеска медицина го смета провевот како напаѓач на кожата, органите, зглобовите, а неговото влијание е уште поголемо доколку лицето веќе е болно или страда од намален имунитет.

Кинезите (а богами и Балканците), често ги изолираат децата од провев, особено бебињата, бидејќи освен што може да им ја намали телесната температура, може и да ги вознемири или измори.

Жените, исто така, треба да бидат особено внимателни да не се изложуваат на провев. Ваквиот страв во Кина предизвикува голем процент на фобија од провев и ладен ветер.

Интересно е и тоа што слични верувања имаат и Германците, Австријците, Италијанците, Романците и Полјаците. Голем процент од овие луѓе попрво би се потеле и „вареле“, отколку да бидат изложени на провев.

Можеби, сепак, постоела голема логика во советите на нашите мајки и баби и нивниот паничен страв од провевот? Од друга страна, научни докази за ваквото влијание не постојат, но некогаш е подобро да се држиме до старата и добра традиција кога е во прашање нашето здравје, зарем не?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e