Спреј за нос против Ковид-19

Австралиската биотехнолошка компанија Ena Respiratory соопшти дека развива спреј за нос со цел да се подобри имуниот систем на луѓето во склоп на борбата против настинките и грипот, но истиот значително го намалува и нивото на вирусот кој предизвикува COVID-19.

Во соопштението на компанијата стои дека ова го покажале резултатите од студијата спроведена неодамна на животни. Тестирањето на INNA-051 на луѓе ќе биде спроведено за 4 месеци, а за тоа мора претходно да има одобрение од регулаторните тела.

Во развојот на спрејот се вложени 8,2 милиони долари.

Повеќе компании низ светот работат на развој на вакцина против вирусот, Австралија вложи милијарди долари во фармацевтски компании за потенцијална вакцина.

СЗО стравува дека пандемијата може да покоси 2 милиони луѓе ако светот не преземе поголеми напори во сузбивањето на ширењето на вирусот, повикувајќи на праведна распределба на идната вакцина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e