Што позата во која најчесто спиете кажува за вас?

Дали сте знаеле дека начинот на кој спиете најмногу зависи од вашиот карактер?

До овие тврдења дојде англиски неуропсихијатар Крис Изиковски по проучување на однесувањето на илјадници доброволци во текот на спиењето.

Одредена положба на спиење, како и некои навики кои ќе ви помогнат да заспиете, може да бидат поврзани со вашите особини.

Што позата во која спиете кажува за вас?

На грб: Отворени сте

Лежите на грб, главата ви е навалена на страна, рацете испружени покрај телото. Војничката поза е слична на онаа во јога, кога станува збор за длабока медитација. Оваа поза природно ја заземаат оние кои страдаат од тешки главоболки, бидејќи им ја намалува болката.

Значење: Отворени сте, но имате прецизна визија за светот од која не се откажувате. Одговорни сте, одите право кон целта но понекогаш од себе барате премногу.

Здравје: Оваа позиција е совршена за одржување на грбот, бидејќи ‘рбетот го држи исправен. Добро би било да ја ставите перницата под колената, бидејќи така ќе се подобро опуштите.

Позиција на фетусот: Не сте доволно сигурни во себе

Лежите на едната страна, колената ви се собрани и повлечени кон градите, рацете склопени пред лицето. Професорот Изиковски верува дека жените обично спијат во оваа поза, пред се за време на менструалниот циклус, кога чувствуваат абдоминална болка.

Значење: Оваа поза обично ги опфаќа несигурните лица.

Здравје: За комплетен одмор во оваа поза, експертите препорачуваат користење подебела перница за да главата и ‘рбетот бидат во една рамнина инаку само ќе се потпирате на рамениците.

На стомак: Бегате од реалноста

Успевате да заспиете само ако легнете на стомак. Позицијата на лет или слободен пад обично за завземаат оние кои страдаат од болки во долниот дел на грбот.

Значење: Ако спиеш во оваа позиција, одбиваш да се соочиш со реалноста и не си сигурен.

Здравје: Оваа положба е на штета на вратот и вилицата. Експертите препорачуваат да ја прегрнете перницата и да се свртите на страна.

Свиткани на страна: Срамежливи сте

Лежите на страна, нозете ви се испружени, додека задниот дел е наведнат напред. Оваа состојба обично ја применуваат оние кои ‘рчат, бидејќи им го олеснува дишењето.

Значење: Оваа позиција укажува на тоа дека често се наоѓате во конфликт со самите себе. Сакате во животот да покажете поголема иницијатива, но ве кочи вродената срамежливост. Често се плашите да ги искажете своите желби до крај.

Здравје: Оваа поза може да биде штетна за здравјето, бидејќи вашиот грб е под постојана тензија. Најдобро би било да се стави перница помеѓу бутовите, бидејќи тоа ќе го намали притисокот врз грбот.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e