Сакате да се ослободите од заморот и напнатоста? Запалете го овој лист!

Рускиот научник Генадиј Малахов има откриено дека ловоровиот лист делува против уморот и стресот кај луѓето.

Ловорот уште од античко време е многу ценет како свето дрво чии гранчиња се подарувале на победниците и поетите во знак на чест и слава.

Денес ловоровиот лист се користи во холтикултурата како стебло или како обликована жива ограда, во кулинарството како зачин ( вообичаено се става како додаток во супи и чорби но не се јаде туку се отстранува по готвењето) и во народната медицина како лековита билка.

Ловорот ја збогатува храната со антиоксиданси, помага во заздравување на раните и штити од вируси.

Чај направен од ловоров лист го зголемува апетитот и варењето на храната, го ублажува чирот, болките и надуеноста.

Етеричното масло од ловор помага во лечењето од артритис, болки во мускулите, бронхитис и грип.

Бидејќи содржи фитохемикалии кои имаат анти-канцер својства, има потенцијал да го намали ризикот од рак.

Доколку сакате да го искористите ловорот за опуштање, се што треба да направите е да земете сушен ловоров лист, ставете го во сад каде што може да изгори, запалете го и излезете од просторијата каде е запален. По десет минути ловоровиот лист ќе изгори а собата ќе добие мирисен чад кој ќе создаде посебна атмосфера. Пробајте го ова!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e