Рецепт за здрави енергетски бомбици кои го зајакнуваат имунитетот

Брзи и здрави бомбици во комбинација од свежо и суво овошје секогаш се идеален избор како природен извор на витамини А, Б, Е, кои го зајакнуваат имунитетот и обезбедуваат заштита од инфекција..

Состојки (за 20 бомбици):

2 дцл. бадемово млеко
2 помали моркови
¼ чаша печени бадеми
¼ чаша семки од сончоглед
¼ чаша сушена брусница
¼ чаша суво грозје
¼ чаша кокосови снегулки
4 урми

Подготовка:

Изблендирајте ги сите состојки во блендер. Од смесата формирајте бомбици со саканата големина и ставете ги во ладилник за да се стегнат. Овие примамливи и сочни бомбици можете да ги чувате во ладилник и до 4 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e