(РЕЦЕПТ) Лесна летна супа од целер и јаболка

Лесна и вкусна супа која ќе ја обожавате ова лето

Состојки:

1 мал корен од целер
3 црвени јаболка
1 поголема главица кромид
1 лажица путер
2 дл павлака за готвење
Сол, бибер – по вкус
Мајчина душица
30 грама печени лешници
Подготовка:

Излупете и исечети ги на коцки јаболката, целерот и кромидот. Загрејте го путерот па додадете кромид, испржете го кратко и додадете ги целерот и јаболката. Оствете ги неколку минути, додадете сол, бибер и мајчина душица, а потоа додадете вода за да се впие.

Гответе над тивок оган околу 30 минути. Измешајте го тенџерето со дрвена лажица, а потоа додадете ја павлаката за готвење и оставете да зоврие. Тргнете ја настрана и додадете го ситно исецканиот лист од целер.

Украсете ја супата со малку мелени лешници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e