Подобрете го здравјето на црниот дроб со само неколку намирници

Црниот дроб е еден од најважните органи во нашето тело. Тој игра голема улога во формирање на одбранбени протеини, неутрализација или елиминација на течни или отровни материи, при што најголем дел од никотинот се детоксицира во црниот дроб. Исто така го регулира и нивото на шеќер во крвта.

Важно е да внимавате на здравјето на црниот дроб, особено на храната што ја внесувате. Следните намирници се одлични за да го подобрите здравјето на овој орган.

Кафе и чај

Докажано е дека кафето го чува здравјето на дрниот дроб. Го намалува ризикот од цироза и рак на црниот дроб, а исто така го намалува и воспалението.

Истите придобивки ги има и од чајот. Овие пијалаци го спречуваат таложењето на масните наслаги во црниот дроб.

Боровинки и брусница

Боровинки и брусница- содржат антиоксиданти кои се наречени антоцијанини. Секојдневно консумирање на овој тип на овошје го чува здравјето на црниот дроб, а тоа го покажаа многубројни истражувања.

Грозје

Грозјето го намалува воспалението, но исто така се смета дека го намалува и ризикот од појава на рак. Истражувањата покажаа дека секојдневното консумирање на екстрактите од грозјето го подобруваат функционирањето на црниот дроб и го прочистуваат од токсини.
Цитрон

Цитронот е одличен за црниот дроб бидејќи е полн со антиоксиданти.

Двата главни антиоксиданти во цитронот се нарингенин и нарингин кои го намалуваат воспалението во организмот. Исто така го намалуваат и процентот на маснотии во дрниот дроб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e