Пет утрински трикови: Како да останете продуктивни во текот на целиот ден?

Голем број од луѓето работат повеќе од 40, 50 или 60 часа во неделата, што е исцрпувачки за секој организам.

Следниве 5 утрински трикови се вистинско богатство за вашата продуктивност во текот на целиот ден:

7 минути вежбање

Точно 7 минути физичка активност се доволни за да не ви се изместат останатите утрински навики, но и доволни се за да го разбудат вашиот организам.

Затоа, уште денес пронајдете ја својата омилена 7-минутна програма и утре разбудете се подготвени за активно утро.

Зелен шејк

Зелениот густ витамински пијалак е уште едно нешто на кое вашето тело ќе му биде вечно благодарно.

Сите знаете дека, важен е изборот на намирници со кои го започнувате денот.

Брз, евтин и едноставен зелен шејк е оној кој се состои од банана, јаболко, портокал, спанаќ, половина краставица и ленени семки.

Зацртајте си 3 работи кои треба да ги завршите денес

Секако, тоа не треба да се грандиозни постапки кои ќе ве преморат. Доволно е на еден лист хартија да запишете 3 нешта кои на крајот од денот ќе ве направат горди, исполнети и задоволни.

Научете да го организирате времето

Сигурни сме дека безброј пати сте се нашле во ситуација кога 24 часа во денот ви се едноставно премалку!

Најважно е големите проекти и цели да ги поделите во помали целини. Во календарот запишете го времето на нивно извршување и додадете барем уште 30 минути плус.

На крајот од денот подобро е да имате 2 часа слободни, отколку да ви е потребен ден од 26 часа.

Одморете

Не заборавајте дека неопходен ви е одмор од 15-30 минути во текот на 8 часа работа.

Наречете го тоа пауза или професионална медитација, само важно е да сте подалеку од компјутерот, мобилниот телефон и сите предмети кои ви го одвлекуваат вниманието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e