Пазарување во пандемија: Дали треба да се чистат амбалажите на продуктите после враќањето дома?

Најчесто поставувани прашања во врска со набавката на намирници за време на пандемијата на корона вирусот

Дали е безбедно да се оди во продавница?
На сите ни е јасно дека моменталната ситуација е таква што поголемиот дел од нас се изолирани во својот дом и социјалниот контакт е сведен на минимум со цел да го спречиме ширењето на вирусот. Тогаш колку е безбедно да се оди во продавница по намирници?
Особено внимавајте на пропишаното растојание помеѓу вас и останатите луѓе, и носете маска и ракавици. Рацете обавезно измијте ги откако ќе се вратите дома а и откако ќе ги откакувате намирниците. Во меѓувреме никако не го допирајте вашето лице.

Дали смее да се нарачува онлајн достава?
Намирниците не се ризик, ризик е контактот со доставувачот. Денес поголемиот дел компании нудат бесконтактна онлајн достава, па искористете го тоа.

Дали треба да се чистат амбалажите после враќањето дома?
Да. Што е сигурно – е сигурно. Секако дезинфицирајте се што се наоѓа во амбалажа и доколку можите поголемиот дел од производите префрлете ги во свои сопствени амбалажи кои ги имате во домот.

Дали свежите намирици се безбедни?
Засега не постојат докази дека вирусот се шири врз површините на тие намирници, но сепак постои податок дека тој може да живее на нив, спрема студиите напишани за респираторните вируси. Свежите намирници мијте ги добро со млака вода а после тоа темелно измијте ги и рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e